Еднократна парична помош и покуќнина за семеството Кузмановски чиј дом беше опожарен

 

Министерот за труд и социјала Диме Спасов заедно со градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски и претставници на Црвениот крст, го посетија семејството Кузмановски од Мралино, чиј дом беше целосно опожарен.

Министерството за труд на семејството ќе му помогне со еднократна парична помош и покуќнина, додека Општина Илинден ќе помогне околу градежните работи и реконструкција на домот.

За расчистување на штетите на семејството ќе му биде на располагање и механизацијата од Општината .

25.10.2013 - 10:32
Фото: 
Денешен

најчитано сега