Уште еден случај на купување ромско бебе во Грција
Уште еден случај во Грција на купување новороденче во кое главна улога се Ромите, пишува весникот „Етнос“.
Полицијата, во атинскиот кварт Ано Алисија, уапсила 53-годишен маж и 48-годишна жена, кои ги обвини дека во март од една Ромка добиле новороденче, а за договорот платиле 4.000 евра.
Откако го добиле новороденчето, приведената жена се обидела, но без успех, да го пријави во општината. Од тогаш бебето е останато со своите двајца нови родители, кои се обидувале да најдат начин да го озаконат.
Двојката тврди дека го купиле бебето бидејќи немале свои деца.
Девојчето е сместено во болница за да му се направат неопходните прегледи.
Полицијата трага по биолошката мајка и посредниците, кои ја завршиле зделката со бебето.
25.10.2013 - 10:36