Македонското чудо од дете Марко Чаласан шести најпаметен тинејџер во светот!

Македонскиот генијалец Марко Чаласан кој има само 14 години се вбројува меѓу првите десет најпаметни тинејџери во светот.

 Марко се најде на шестото место на листата на 50 најпаметните тинејџери во целиот свет креирана од организацијата Best Schools.

Инаку, Марко е чудо од дете. Тој е најмлад MSCA на возраст од 8 години и досега има вкупно 12 сертификати  од Microsoft и еден Cisco сертификат. Тој научил да  пишува и чита уште на 2 години, а англиски веќе можел да зборува на возраст од 4 години, а само на три годишна возраст владеел со Windows. Марко пред три години напиша и книга од неверојатни 350 страни за процеси поврзани со инсталацијата на оперативниот систем Windows 7. Тој исто така уште од мали нозе покажал голема заинтересираност за математика и физика. Марко им предава основи на компјутери на деца од 8 до 11 години во неговото училиште,а веќе зборува три светски јазици. 

- „Информатиката во училиштата не е толку сериозна. Кога би бил професор би ги предавал сите нормални предмети, но би ја имплементирал информатиката и во хемијата и физиката за да се учат подобро“ - вели Марко.

Инаку, прв на листата се најде  Џек Андрака од САД  кој има 16 години. Овој генијалец измислил полесен начин за откривање на ракот на панкреас преку крвта. Тој открил тест кој е побрз и поевтин отколку веќе постоечките тестови.

Браво за македонското чудо од дете.

25.10.2013 - 11:07
Фото: 
Канал5

најчитано сега