Три години затвор за Слободан Даневски

Основниот суд во Штип денеска го осуди поранешниот градоначалник на Свети Николе, Слободан Даневски, поради злоупотреба на службената положба, пренесе Канал 5.

Даневски се товареше за кривично дело злоупотреба на неговата функција додека бил менаџер на комбинатот „Џумајлија“.

Поранешниот градоначалник на Свети Николе има право да ја обжали одлуката на судот, а претходно неговиот предметзаврши со ослободителна пресуда, се додека Апелациониот суд не ја поништи ваквата одлука и предметот го врати на повторно судење.  

25.10.2013 - 12:31
Фото: 
Вечер

најчитано сега