Статистика: Намалена потрошувачката на струја во јули

 

Според податоците кои денеска ги објави Државниот завод за статистика, во земјава во текот на месец јули бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија изнесувала 614.897 мегаватчасови.

Споредено со истиот месец минатата година, се работи за намалување од 9,44 проценти. Во бруто-домашната потрошувачка нето-увозот учествуваше со 30,90 проценти, додека бруто-домашното производство учествуваше со 69,10 процент.

Вкупниот увоз на природен гас во јули изнесуваше 2.217 мил.mn3, што во споредба со увозот во истиот период од претходната  година претставува пoраст од 23,46 проценти, додека во вкупната потрошувачка на природен гас, природниот гас за енергетски трансформации учествуваше со 3,28 проценти, додека финалната потрошувачка со 96,23 проценти.

25.10.2013 - 14:55
Фото: 
Денешен

најчитано сега