ФОТО: Уживањето во Турција се претворило во кошмар - Украинка претепана, се огласил и министерот за туризам
Манекенката Дарија Кирилук неодамна на социјалните мрежи објави морничава фотографија од своето крваво лице, со објаснување дека доживеала напад на паника поради претрпено насилство.
Таа тврди дека била претепана на една приватна плажа во Турција, но другата страна има целосно поинаква верзија на настанот. Дарија престојувала во познатото турско летувалиште Чешме, а тврди дека ја нападнало обезбедувањето на една приватна плажа од барот. Овој инцидент го осудил и турскиот министер за туризам Мехмет Нури Ерсој.
Од друга страна, одговорните за оваа плажа тврдат дека манекенката ја удрило нејзиното момче и негираат било каква одговорност.
„Не сакам да молчам и ќе ви раскажам што ми се случи мене, на моето момче и на нашето друштво. Не нападна обезбедувањето на плажата. Четири девојки беа удрени по лицето, вклучувајќи ме и мене, а момците се тешко повредени. Ѝ дадовме на полицијата детален извештај. Нема да замижиме на ова што ни се случи“, рекла Украинката која живее и работи во Америка.
Од барот тврдат дека манекенката ја следеле телохранителите на нејзиното момче и дека покажувала безобразен и агресивен став кон околината и вработените, како и дека имаат снимка која јасно ја покажува вистината.
„Нивните тврдења се бесмислени. Прво ме тепаа мене и моето момче, а потоа зборуваа дека тој ме истепал. Неверојатно е до каде се подготвени да одат за вината да ни ја префрлат на нас“, рекла атрактивната девојка.
Таа го именувала мажот за кој смета дека ја удрил и побарала од ресторанот на пуштат повеќе снимки на кои се гледа целиот инцидент. Турсткиот министер за туризам го осудил нападот, велејќи дека нема место за такви испади во туристичките краишта, а особено не кога станува збор за жени.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа