Денеска ќе биде погребана Јованка Броз
Јованка Броз, вдовицата на поранешниот претседател на Југославија, Јосип Броз Тито, денеска ќе биде погребана во „Куќата на цвеќето“ во Белград, каде почива и нејзиниот сопруг.
Погребот ќе биде извршен со сите воени почести, бидејќи Јованка Броз е носител на партизански одличја и била потполковник на Југословенската народна армија. На погребот ќе се обрати српскиот премиер Ивица Дачиќ.
Претседателот на организациониот одбор за погребот, вицепремиерот Расим Лајиќ изјави дека последната желба на Јованка Броз била таа да биде погребана до својот сопруг.
На погребот ќе присуствуваат голем број делегации од сите поранешни југословенски републики.
Јованка Броз почина на 20. октомври на 89 години, откако на 23 август во тешка здравствена состојба беше примена во Ургентиот центар.