Грчки медиуми: Франција жали за ќор-сокакот во спорот за името

Грчките медиуми денеска пренесуваат дека Франција жали за ќор-сокакот во преговорите меѓу Македонија и Грција, кој им наштетува на добрососедските односи во регионот, објавува МИА.

Според МИА, медиумите го пренесуваат соопштението на постојаната мисија на Франција во ОН во кое француските власти ги поддржуваат напорите на Нимиц за изнаоѓање решение за прашањето на името на Македонија.

- Француските власти веруваат дека взаемно прифатливо решение мора да се најде брзо, под покровителство на Обединетите нации, преку дијалог и компромис, се вели во соопштението.

26.10.2013 - 10:20

најчитано сега