Породилното ќе трае 12 месеци?

Породилното отсуство, наместо 9 може да трае 12 месеци, пишува Дневник.

Предлогот породилното отсуство да биде продолжено за три месеци, доаѓа од Министерството за труд и социјална политика, а него допрва ќе го разгледува и Економко-социјалниот совет, пренесува весникот. Министерот за труд и социјала Диме Спасов образложи дека мајките ќе можат дополнителните три месеци да ги искористат веднаш по истекот на деветте месеци или истите да го земат во периодот додека детето не наполни три години. Новите три месеци ќе бидат неплатени но, според информациите од Дневник. работодавачите ќе бидат обврзани да го сочуваат работното место на мајката. 

 

- Предлогот веќе е пристигнат до Владата и таа ќе се изјасни за него во наредниот период, велат од Владата за Дневник.

 

26.10.2013 - 10:32

најчитано сега