Тодоров најави нови вработувања во кочанската Општа Болница

 

Министерот за здравство Никола Тодоров денеска во Општата болница во Кочани ги предаде во употреба  реконструираните парни котли и горичници за парно греење, кои се инвестиција на Министерството за здравство вредна 6,5 милиони денари.

- Завршена е сертификацијата на Општата болоница во Кочани, вработени се двајца специјалисти, еден пнеуматолог и еден биохемичар, со што се создадени услови за отворање на одделенитео за АТД и Рентгенот кои повеќе од пет години не работеа, рече денеска министерот Тодоров.

Тој најави и нови вработувања на специјалисти и друг медицински кадар со што ќе се комплетираат одделенијата на Општа болница во Кочани.

Тодоров информираше дека за бањата во кочанското село Бање пропаднал првиот оглас и оти е во тек распишување на нов. Во меѓувреме се води спорот за приватизација на земјишетето и кога ќе биде завршен тој процес ќе бидат јасни работите со геотермалната бања во село Бање, Кочанско.

Министерот за здравство денеска оствари средби со директорите на Опшатата болница и Здравствениот дом Дејан Апостолов и Иван Спанчевски, а го посети и Саемот на мед, што го организира Здруженитео „Матица “ од Кочани.

26.10.2013 - 14:39

најчитано сега