Хрватскиот министер за одбрана во прва службена посета на Србија
Анте Котромановиќ хрватскиот министер за одбрана, денеска за прв пат ќе биде во службена посета на Србија, каде што ќе оствари средба со српскиот министер за одбрана Небојша Родиќ.
Планирано е на средбата да се разговара за унапредување на воено-техничката соработка, обуката и образованието како и други теми од заеднички интерес на двете министерства.
28.10.2013 - 10:26