Болничарка имала секс со колегата во колата за Итна помош

 

Неименуван маж од Лондон, долго време се сомничел дека нешто не е во ред со врската која ја имал со својата девојка со која живеел неколку години. Тие двајца заедно работеле како болничари во Итната помош, па тој инсталирал камери во болничкото возило и во нивниот стан, како и во неколку простории за одмор во Итната помош во Бромли во југоисточен Лондон. Сомнежите се испоставиле како оправдани, затоа што камерите забележале како таа имала секс со нејзин колега. Тој веднаш го испратил видеото преку мејл на сите колеги, напоменувајќи дека таа ја раскажала нејзината верзија од приказната, а еве ја и мојата.

„Всушност кога ќе забележите дека таа имала секс во амбулантното возило, ќе ви стане јасно дека животот на многу луѓе е загрозен додека тие двајца се препуштени на нивните страсти“, напишал тој.

Итната помош го истражува целиот случај, но измамениот дечко, неговата девојка и третиот член во овој љубовен триаголник и понатаму остануваат на должност.  

 

 

28.10.2013 - 13:35

најчитано сега