Пет бои со кои воопшто не треба да ја бојадисувате спалната соба - создаваат лоша енергија и вознемиреност

 

Спалната соба е место каде треба да се чувствуваме сигурно, пријатно, опуштено. А на нашето расположение и енергија директно влијание има и бојата на ѕидовите.

Постојат бои кои не се прикладни за спалната соба, затоа што не го даваат потребниот мир.

Црна боја

Покрај тоа што ќе ја замрачи спалната соба, црната боја на ѕидовите создава илузија дека посторот е помал отколку што е.

Иако темнината помага полесно да заспиеме, темната страна на оваа боја прави наутро потешко да се станува.Ѕидовите бојадисани во црно, психолошки ја намалуваат енергијата.

Неон бои

Секогаш треба да се избегнува употреба на неон бои затоа што носа возбуда и лоша енергија во спалната соба, вели дизајнерот на ентериери, Шад Елиа која додава: „Таквата атосфера го отежнува опуштањето што е поентата на спалните соби.

Жолта

Жолтата е многу поттикнувачка боја, затоа што бојата главно се поврзува со сонцето. Иако весел тон може да биде сјаен почеток за денот, оние кои се одлучуваат за жолти ѕидови во спалната ќе заспијат потешко.

Црвена боја

Црвената е иста како жолтата, многу впечатлива. Може да предизвика немир или вознемиреност.

Темно кафеава

Темните бои носат чувство на тежина и темнина, што ја намалува мотивацијата за будење наутро.

Меѓутоа, доколку сте љубител на темни бои, подобро користете ги како бои за нагласување, а не како главна боја.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.10.2020 - 13:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега