Продавала облека на Facebook: Судот ја казнил 10.000 евра
Една жена во Хрватска добила казна од околу 300 евра плус била задолжена да и врати на државата околу 10.000 евра откако судот ја прогласил за виновна за продажба на облека на социјалните мрежи.
Локалните медиуми пишуваат дека обвинителството успеало да докажe дека жената продавала облека на социјалните мрежи без да има регистрирано правно лице.
Продажба на разни предмети на социјалните мрежи има и во Македонија, но надлежните велат дека кај нас, поголемиот дел од нив имаат регистрирано трговски друштва и си ги плаќаат сите давачки кон државата. Признаваат дека се уште има и неовластена продажба но и дека инспекциските служби активно работат на нивно сузбивање.
Согласно законот, секој може да продава , на интернет предмети кои претходно ги поседувал но тоа мора да биде инцидентно.
Тоа значи дека можете да го продадете стариот автомобил, некое парче облека но не можете секојдневно да вршите продажба бидејќи може, некој инспектор да биде баш тој кој што ќе го нарача Вашиот производ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа