Почина генералниот директор на РТС

 

Генералниот директор на Радио Телевизија Србија Александар Тијаниќ вчера почина на  64-годишна возраст.

Тијаниќ синоќа го загубил животот откако0 доживеал срцев удар пред зградата во која живеел.

Инаку, Тијаниќ Беше новинар и уредник во многу познати српски весници како Нин и Политика, а пишувал и за хрватските Старт и Данас. Тој ќе остане запаметен по неговата колумна “En passant” по што го доби прекарот “гигант на хрватското новинарство”.

 

29.10.2013 - 10:13

најчитано сега