Италијански новинар заразен со коронавирусот: Слушнав пациенти кои врескаа и плачеа од болки

 

 

Директорот на еден од најважните дневни весници во Италија „Ла Сампа“ и многу почитуван новинар Масимо Данини објави дека е заразен со Ковид-19 и во едиторијалот што го напиша за неговиот весник, а кој го пренесуваат други медиуми, ги повика сограѓаните да ги почитуваат мерките против ширењето на короната вирус.

Новинарот-директор, како што пишува, го напишал уводникот не за да ја информира јавноста за неговото здравје, кое како што вели, не ги засега, туку од две причини што можат да бидат важни за пошироката јавност.

Прво, за да ги увери читателите дека неговата редакција ќе продолжи да работи, со зголемени контроли и мерки за заштита, така што,  читателите да бидат сигурни дека сепак ќе ја најдат „Ла Стампа“ во киосците.

Друга причина е што во текот на 11-те часа поминати во одделот каде се лекуваат лица заразени со коронавирус, тој видел и слушнал многу пациенти кои лежат на одделот.

"Слушнав пациенти кои плачеа и врескаа од болка, разговарав со лекари и медицински персонал кои ми потврдија дека болничките одделенија се полнат и дека се повеќе пациенти се на интензивна нега. Убеден сум дека посетата на такви болници може да биде добра лекција на оние кои го намалуваат ризикот од инфекција со коронавирус “, напиша заразениот новинар Масимо Данини.

На крајот од едиторијалот, Данини апелира до сите Италијанци да се придржуваат кон заштитните мерки и да прифатат мали откажувања со цел да се избегне повторно воведување на карантин.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.10.2020 - 13:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега