Грчката Влада го прислушкувала американскиот амбасадор во Атина
Американскиот амбасадор во Атина бил прислушкуван од грчката Влада, изјави поранешниот вице-премиер Теодорос Пангалос.
Тој истакна дека кога раководел со Министерството за надворешни работи имало прислушувања и оти предмет на следење бил и американскиот амбасадор. Пангалос беше министер за надвореши работи во периодот од 1996 д 1999 година.
- Ништо ново не дознавме, бидејќи знаевме се, но беше интересно да го слушаме американскиот амбасадор во Атина како разговара со амбасадорот во Анкара и со Стејт департментот, користејќи нецензурирани изрази, нагласи Пангалос.
Тој посочи дека оттогаш минале повеќе од 20 години и оти сето тоа се загубило со текот на времето. Пангалос додаде дека прислушувањата престанале, бидејќи Американците разбрале за нив.