ФОТО: „Двојна опасност" - мутант-змија со две глави каква што ретко се гледа
Џени Вилсон уживала во својот дом во американската сојузна држава Северна Каролина со пријателите и семејството, кога во куќата влегол непоканет гостин.
„Ја забележав змијата во една соба додека играв карти со пријателите и семејството. Синот ја отвори вратата да влезе малку воздух и верувам дека тогаш влегла и таа. Никогаш не сум сакала змии, но кога ја видов, ми се скрши срцето", рекла Џени, пишува "Mirror".
Имено, змијата имала две глави, а таквите змии се раѓаат еднаш во 100.000 случаи. Џеми веднаш се сожалила над животното.
„Не знам ништо за змии, но знаев дека не е отровна. И кажав дека никој нема да ја повреди. Сакав да ја однесам некаде на сигурно", рекла таа.
Змијата ја нарекла "Двојна опасност" и ја однела во научен центар, каде открила дека нејзината змија е вистинска реткост.
„Ми кажаа дека е стара четири месеци и дека е во добра здравствена состојба. Ја ставила во сопствениот дом, а таа веднаш се завлекла под камен, како да е дома", рекла Џени.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа