Форд Фокус остана најпродавано возило и во првата половина на 2013
Најпродаваното возило во светот за 2012 година – Ford Focus, ја задржа титулата за првата половина на 2013 година.
Дополнително, според анализите на податоците за регистрација на возила на Ford, Ford Fiesta се рангира како четврто најпродавано возило – со што Ford е единствениот бренд кој има две плакети меѓу топ пет светски најпродавани автомобили.
Ford Focus има пораст за 20% во првата половина на 2013 година во споредба со истиот период минатата година. Во 2013 година се регистрирани 589,709 возила, најмногу од зголемената побарувачка се потрошувачите во Кина и други Азиски земји.
29.10.2013 - 12:27