Три најомразени знаци на зодијакот: Сите се ежат од нив
Егоманијаци, злобни, дволични... На овие хороскопски знаци им ги лепиме најлошите епитети, а не знаеме што всушност се крие под површината.
Тие се најомразените хороскопски знаци. Многумина ги перципираат како лоши и не ги посакуваат во своја близина?
Но, што мислиме ние за нив, а што е реалноста?
Лав
Како изгледа:
Познати се како егоманијаци. Ќе ги видите со 10 шопинг ќеси, како зборуваат погласно од вас и се гледаат колку се убави на предната камера од телефонот.
Како e навистина:
Тие се многу креативни, зрачат со топлина и имаат многу таленти. Нивниот оган и изборот на вистинските зборови ќе ве мотивира и вас. Храбри се, секогаш тука за вас и се грижат какво мислење имате за нив. Длабоко во себе се чувствителни и потребна им е екстра љубов.
Близнаци
Како изгледа:
Изгледаат дволични и во улогата на пријатели ќе бидат час топли, час студени. Ви откажуваат планови, ги откриваат вашите тајни наоколу и не затвораат уста.
Како e навистина:
Мислат интензивно како за двајца. Константно бараат нови искуства и ќе ви кажат отворено сѐ во врска со себе. Имаат брилијантни комуникациски вештини, но и се многу внимателни слушатели. Флексибилни се и можат да се поврзат со секого. Немаат предрасуди за ништо.
Скорпија
Како изгледа:
Изгледаат како злобен лик од филм. Околу нив има некоја мистерија и како да живеат за одмазда. Знаат да бидат мрачни и да коваат тероии на заговор.
Како e навистина:
Да, мистериозни се, но не затоа што се злобни, туку затоа што треба да се чувствуваат безбедно пред да се отворат некому. Нивното студенило всушност им е штит затоа што многу емоционално ги доживуваат работите.
Кога еднаш ќе одлучат дека можат да ви веруваат, тие ќе се отворат пред вас и ќе ја запознаете нивната вистинска страна. Никогаш не се дел од површни озборувања и сакаат вистинска интимност и квалитетна комуникација. Ќе сторат сѐ што можат за да ги заштитат луѓето што ги сакаат.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа