Не е тоалетот: Секојдневно ги допирате, а тие се легла на бактерии во вашиот дом

 

Кога ќе помислите на бактерии и нечистотии, сигурно првото нешто што ви паѓа на ум се тоалетот, кантата за ѓубре или лавабото со неиспрани чинии.

Но, ќе се изненадите доколку ви кажеме дека најпосните нешта во домот се токму оние со кои сме постојано во контакт.

1. Тастатура и маус

Секој предмет кој постојано го допираме со нашите раце е преполн со бактерии. Доволно е само да напишете еден текст или да сурфате неколку минути на Интернет и потоа да ги допрете вашиот нос, очи или усни и со тоа да си префрлите безброј микроорганизми во вашето тело. Тастатурата и маусот се најнечистите нешта во вашиот дом, па токму затоа е потребно секој втор ден да ги чистите со средство за дезинфекција.

2. Далечински управувач

Оваа направа е створена за цел ден да „лежи“ во вашите раце. Но, покрај вас, сите други го допираат управувачот, дури и веднаш по влегувањето во домот, уште пред да измијат раце. Токму затоа тој е преполн со бактерии кои под вашите влажни дланки се множат со голема брзина. Исто како тастатурата и маусот, така и далечинскиот управувач се препорачува постојано да се чисти со средство за дезинфекција.

3. Мобилен телефон

Колку пати се јавувате на мобилен за време на јадење, подготовка на оброците, во тоалетот, во автобус или на било кое друго јавно место? Мобилниот телефон е одличен начин за пренесување вируси и бактерии, па токму затоа редовно дезинфицирајте го со влажни марамчиња кои се на база на алкохол.

4. Женска чанта

Таа е преполна и со корисни и со бескорисни ситници, па токму затоа е вистинско легло за бактерии. И не само што вие постојано ја допирате со вашите раце и ја оставате на нечисти површини, вие исто така во неа редовно го носите вашиот паричник, мобилен уред, па дури и остатоци од храна. Токму затоа преку неа внесувате во вашиот дом илјадници бактерии, па добро би било доколку формирате навика одвреме-навреме да ја пребришувате со средство за дезинфекција.

5. Врата од фрижидер

Вратите од фрижидерот се отвораат и затвораат безброј пати во текот на денот, а понекогаш тоа го прават и вашите гости. Со текот на времето врз нив остануваат различни остатоци од храна и пијалаци кои прават совршена површина за размножување опасни микроорганизми кои можат да завршат во нашето тело и да предизвикаат различни тежини. Токму затоа вратата од фрижидерот треба секојдневно да се брише со средство за чистење.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.10.2020 - 19:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега