На сите што ќе гласаат за Бајден ќе им праќа свои разголени фотографии, но има едно барање

 

Во последните неколку децении, заедно со развојот на технологијата и менувањето на свеста, се одвива и нов вид на лобирање и собирање на политички гласови. Доказ дека во љубовта, војната и политиката е се дозволено, е младата Јутјуберка, која одлучила да ја поддржи претседателската кампања на Џозеф Бајден така што на сите што ќе гласаат за него, ќе им прати свои експлицитни фотографии.

Тана Мариа Монгау од Лас Вегас има само 22 години, а веќе станала планетарно популарна како пејачка, јутјуберка, инфлуенсерка, а од скоро е и модел на платформата "Only Fans".

Во центарот на вниманието на јавноста била неколку пати поради своите бурни романси и содржините кои ги објавува на социјалните мрежи, а овој пат вниманието на Американците го привлекла со начинот на кој одлучила да го поддржи Џо Бајден во трката за претседател на САД. 

Имено, секој што ќе го даде гласот за Бајден, од Тара ќе добие бесплатна експлицитна фотографија на мрежата "Only Fans". Сепак, за тоа бара и доказ дека тој навистина го добил гласот.

"Ако ми пратите доказ дека сте гласале за Бајден, ќе ви пратам разголена фотографија бесплатно", рекла таа.

Дека Бајден можеби добро ќе профитира од нејзиното лобирање, зборуваат бројките на нејзиниот профил на Инстаграм. Имено, ја следат повеќе од 5,4 милиони луѓе на оваа социјална мрежа, што не чуди ако се земе во предвид фактот дека во главно поставува провокативни фотографии на кои е речиси гола.

Пред пет дена, таа на својот профил објавила монтирана фотографија од себе и Бајден, на која на своето тело во минијатурна долна облека го ставила лицето на противкандидатот на Трамп со хаштаг "#BootyForBiden".

 
 
 
View this post on Instagram

no facetune. a brunette. who is she?

A post shared by tana mongeau (@tanamongeau) on Oct 10, 2020 at 4:05pm PDT

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.10.2020 - 15:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега