Ова е најскапата маска во светот и чини 212.000 евра
Познатата златарница „Jacob & Co“ произведе заштитна маска која чини неверојатни 212.000 евра. Како што објавија светските медиуми, на маската има дијаманти и бело злато, а наредени се на начин што се дава впечаток дека станува збор за вистинска ткаенина.
На неа се потрошени 3.040 дијаманти со вкупно 73.27 карати. Маската е тешка 156,9 грама, а треба да се носи преку заштитна маска.
13.10.2020 - 17:17
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа