Препукувања на државниот косовски врв - Красниќи го обвини Тачи за манипулации на изборите
Првиот човек на косовскиот парламент Красниќи го обвини премиерот Тачи дека манипулирал на претходните избори и ја предупреди Централната изборна комисија да не стане предмет на манипулации.
- Веќе сега се знае кој е главниот крадец во Косово, рече Красниќи, коментирајќи ја изјавата на Тачи на предизборниот митинг во Глоговац на кој косовскиот премиер го нарече претседателот на Собранието „главен крадец“.
Според Красниќи, секој знае кој е одговорен за манипулирање на минатите избори. - Тоа се неформални групи поединци кои ги злоупотребија граѓаните, некој живее и ќе живее манипулирајќи ги луѓето со помош на организирани структури со кои се манипулира волјата на граѓаните, рече Красниќи, алудирајќи на Тачи, наведува „Зери“.
30.10.2013 - 09:34