Двајца работници од тетовски Југохром се борат за живот
Двајца работници на компанијата „Југохром Фероиалојс“ од Јегуновце вчера се здобиле со потешки повреди на главата и телото додека изведувале работи во кругот на фабриката, информира денеска портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски. Тие веднаш биле префрлени во тетовската клиничка болница од каде како итни случаи биле упатени на клиниките во Скопје.
Работниците В.З(49) од Копанце и З.Т( 48) од Јанчиште биле повредени додека работеле на дигалка во погонот три над печката при засега се уште докрај нејасни околности.
- Веднаш биле упатени на лекување во Тетово, а оттаму итно биле префрлени во Скопје. Увид на местото од несреќата извршиле полицијата, истражен судија и јавен обвинител, местото е фотодокументирано и подигнати се траги од крв за вештачење, појасни Јосифовски.
Според неговите информации, годинава во тетовско, без вчерашниот инцидент, се случиле 7 несреќни случаи при работа во кои еден работник почина како последица на пад додека изведувал градежни работи на објект во Тетово пред месец и половина