Во налет на љубомора си ја убил сопругата па си пресудил и себе си
Педесет и шестгодишниот Милосав Ивановќ по кратката расправија, вчера околу 11:30 часот со куршум во глава ја усмртил невенчаната сопруга Далиборка Миличевиќ (38) во нивната куќа во крушевачкото село Кукљани. Потоа влегол во гаражата и си го разнел мозокот. Семејната трагедија претходела откако Далиборка сакала да замине во Австрија, а со себе да си ги земе трите малолетни ќерки.
„Ќерко моја, никогаш не ме слушаше. Знаев дека ќе се случи вакво нешто. Како сега вака стара јас ќе се грижам за твоите три сирачиња“, плачела во дворот нејзината Мајка Јованка.
Мица била во дворот и ми рече да го вклучам кабелот за стрија затоа што сакал да заврши нешто пред гаражата. Малки време подоцна, Далиборка излегла во дворот и почнала расправија. Слушнав еден истрел, а потоа и друг и веднаш знаев што се случило затоа што неодамна тој од неговиот татко ја донесе ловечката пушка. Најмалата внука ја видела нејзината мајка како лежи целата во крв и викнала по мене да повикам Итна помош“, низ солзи зборуваше Јованка.
Таа изјавила дека пред неколку дена нејзината ќерка се вратила од Австрија, каде живеела со нејзината тетка. По та дошло до неколку расправии со нејзиниот сопруг. Според една верзија, Ивановиќ поради љубомора не сакал да жената да замине во странство. Некои од комшиите велат дека Далиборка сакала со себе да ги земе и трите ќерки. Дури и полицијата морала да интервенира поради расправиите кои претходно се случиле меѓу нив двајца.