Д-р Несторовиќ ова го пие 20 години: Со зелка и коприва излечете чир на желудник и хеликобактер

 

Доктор Бранимир Несторовиќ сподели еден рецепт кој на многумина може да им помогне. Имено, како што напомена, овој рецепт го користи веќе 20 години и тврди дека дава одлични резултати.

Станува збор за природен лек за чир на желудник:

-Исечкајте зелка, прелијте ја со вода, нека биде половина зелка, половина вода и нека отстои два дена во фрижидер. После тоа пијте по една чаша наутро и навечер во текот на две седмици континуирано.

Како што објасни докторот, зелката има одредени материи кои ја обновуваат слузокожата на желудникот. Во комбинација со сладок корен делува и врз хеликобактеријата и тоа на оние резистентни облици – објасни д-р Несторовиќ.

Докторот спомена дека најдобар лек за алергија на амброзија е копривата, но да не се вари како чај. Најдобро е листовите од копривата да се сомелат со мед. Може да се чува копривата во замрзнувач две седмици, па потоа таа самата се претвора во прав.

Чајот не е добар, бидејќи со варењето се убиваат доста лековити состојки во копривата – објаснува д-р Несторовиќ.

Рецепт за вода од зелка

Зелката е една од суперхраните кои ние често ги занемаруваме. Бидејќи содржи есенцијални нутриенти неопходни за правилно функционирање, на организмот му овозможува да се обнови и прочисти од штетните материи.

Еве за што сè може да помогне водата од зелка:

-му обезбедува на организмот аминокиселини за подобра дигестија;

-содржи витамини А, Б1, Б6, Ц, Е и фолна киселина;

-содржи железо, калциум, калиум, јод, фосфор и сулфур;

-лекува чиреви и други проблеми со дигестивниот систем;

-врши детокс и прочистување на цревата;

-помага во слабеење;

-може да помогне во прочистување после труење со алкохол.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.11.2020 - 10:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега