ФОТО: Македонскиот пејач е позитивен на Ковид 19, па сам го прослави роденденот - „Корочнето ме затвори дома“

 

Македонскиот пејач Васил Гарванлиев наполни 36 години, но роденденот го прослави сам. Тоа е така бидејќи како што откри пејачот на социјалните мрежи, тој е позитивен на вирусот Ковид 19.

„Не знам од каде да почнам ... ФАЛА ви од се срце. Корончето ме затвори дома самичко и сакаше да сум сам на роденден ... но сите видеа, пораки, честитки, корона торта!! ... ми го направија денот многу многу специјален. Може бев сам на тераса ... ама сам не бев!!!!

Ве сакам од до!!!“, напиша Васил на Фејсбук, а објави и неколку роденденски фотографии.

Васил инаку сите го паметиме како детето кое ја испеа песната „Марионка“, а минатата година беше избран да ја претставува Македонија на Евровизија, но фестивалот беше откажан токму поради пандемијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.11.2020 - 13:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега