Кумановчани пронашле артефакти но не ги пријавиле во музеј
Двајца кумановчани си заработија кривична пријава поради „оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“.
Се работи за 47-годишниот Г.С. и 31-годишниот Г.Н. Во септември 2012 година, во с.Никуљане-општина Старо Нагоричане, Г.С. го ангажирал Г.Н. да изврши ископ за градење на подрум од викендица. Во текот на ископот пријавените пронашле парчиња од керамички садови, што претставувааат археолошки артефакти и истите не ги пријавиле во национална установа „Музеј Куманово“ туку ги оставиле на местото на ископот, информираат од полицијата.
30.10.2013 - 13:39