Притиснете една точка во близина на срцето и држете неколку минути - ни таблетите не делуваат како овој потег

 

Дали сте пробале веќе сè за да се ослободите од стресот и анксиозноста? Јога, медитација и многу други работи и техники, само да се чувствувате барем малку посмирено. Но дали нешто ви помогнало? Или сè уште сте нервозни заради вашиот стрес? Не грижете се. Не сте единствените кои се соочуваат со овој проблем.

За среќа, постои метод од кинеската медицина кој навистина функционира. Овој метод е стар 2.500 години и може да помогне во третирање на многу физички проблеми, па дури и да ги намали стресот и анксиозноста.

Што се енергетски меридијани?

Според кинеската медицина, секој има важни точки на неговото тело. Овие точки се познати како точки за акупунктура. Тие се лоцирани околу линии, а овие линии пак се наречени енергетски меридијани. Постојат 12 енергетски меридијани и секој од нив е поврзан со некој орган.

Како помагаат енергетските меридијани?

Нашата животна сила тече низ овие меридијани, а тоа значи дека тие нè одржуваат здрави и во живот. Тие ја одржуваат рамнотежата на телото и ја обезбедуваат неговата врска со душата. Тие се важни и ако само еден меридијан не функционира правилно, може да настане проблем. Акупресурата е техника која ја подобрува функцијата на овие линии.

Како се одвива процесот?

Кока нанесувате притисок на одредени делови на вашето тело, стресот и анксиозноста комплетно исчезнуваат. Овој процес, акупресура, е многу сличен со акупунктурата, за која сигурно веќе имате слушнато. Разликата помеѓу двете е тоа што кај акупресурата вие ги користите вашите прсти за да се ослободите од стресот. Од друга страна, во акупунктурата се користат игли за оваа намена.

Кои делови да ги третирате за да се опуштите?

Точката која вам ве интересира во моментов е CV 17. Таа е лоцирана во центарот на градите. Секогаш кога чувствувате дека сте под стрес, обично чувствувате некаква болка токму во овој предел.

Што прави CV 17?

Оваа точка е изворот на енергијата на телото. Бидејќи е лоцирана кај градите, таа е многу блиску до срцето. Се верува дека срцето е органот кој се справува со многу од телесните емоции. Кога сте под стрес, оваа точка станува напната. Всушност, се нарушува рамнотежата на целото тело кога нешто ѝ се случува на оваа точка. Нејзиното третирање ќе ви помогне да ја вратите рамнотежата.

Како да ја лоцирате точката?

Точката се наоѓа оддалечена 4 прсти од основата на градната коска. Ако не можете да се снајдете така, едноставно третирајте го центарот на вашите гради.

Како да го намалите стресот користејќи ја CV 17?

Прво најдете ја нејзината положба. Ставете ги прстите на неа и со нежен притисок масирајте. Ова ќе ви помогне и точно да ја лоцирате точката.

Седнете со исправен грб. Спојте ги дланките и насочете ги прстите кон таванот (положба на молитва). Користете го задниот дел од зглобот на палците за да ја масирате точката. Правете го ова 2-3 минути.

Затворете ги очите. Вдишувајте и издишувајте. Опуштете ги вратот и рамената, но држете ја главата исправена. После некое време во оваа положба масирајте ја точката.

Други употреби на оваа точка

Оваа точка ќе ви помогне и полесно да заспиете навечер. Кога ќе си легнете нежно масирајте ја.

Им помага на луѓето кои страдаат од депресија или било каква хормонална нерамнотежа.

Добра е за луѓето кои страдаат од хроничен замор.

Можете да ја масирате ова точка ако заздравувате од некоја повреда или операција.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.11.2020 - 17:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега