Британската докторка открила како да разликувате корона од грип - три симптоми се клучни
Британската докторка Сара Џарвис тврди дека не е невозможна мисија да се разликува настинка од Ковид 19.
„Течење нос, затнат нос, како и воспаление на грлото многу ретко се јавуваат кај коронавирусот. Ако ги имате овие симптоми, а немате температура, континуирана кашлица која трае подолго од еден час или губење на мирисот и вкусот, не треба да се тестирате на Ковид 19“, објаснува таа.
Докторката Џарвис тврди дека симптомите се јавуваат во просек од пет дена откако сте биле изложени на вирусот, иако тоа може да варира, па симптомите може да се појавуваат и во распон од 2 до 12 дена откако сте биле на некој начин во контакт со вирусот.
Додека се соочуваме со зголемување на новозаразените од коронавирус, истовремено се плашиме и од ударот на настинките и гриповите кои ни се доближуваат. Она што е предизвик во целата приказна е што не е лесно да се разликуваат симптомите на овие три вируси со оглед на тоа дека имаат слични манифестации.
Лекарката истакнува дека кај обична настинка ретко се јавува слаб замор и проблеми со дишењето, што главно чувствуваат заразените со Ковид 19.
„Воопшто затнатиот нос, кивањето и течењето на носот се карактеристични за настинка, а симптомите може да се појават 2-3 дена после изложувањето, траат само неколку дена и обично се со блага тежина“, додала и советувала да контактирате со докрот ако низ неколку дена симптомите не почнат да исчезнуваат или се влошат.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа