Не фрлајте ја пепелта од шпоретот на дрва: Ќе имате голема корист од неа

 

Пепелта од огревното дрво е многу корисна работа, која може да се употребува на разни начини. Земјоделците сигурно знаат дека пепелта може да биде одличен додаток на земјата, па често го користат за прихранување на почвата,заради зголемувањето на нејзината киселост. Особено е погодна за растенија кои бараат повеќе калциум како доматот, спанаќот, лукот,  но и розите. При садењето на овие растенија, добро е да додадете четвртина шолја од дрвена пепел во земјата. 

Исто така, доколку измешате пепел со вода и ја оставите таа мешавина да отстои неколку дена, после цедењето можете да ја употребувате како одлично средство за чистење подови и сребрени работи, но и за дамки од ᾽рѓа на мермерни површини. 

Со погуста смеса од пепел и вода, во вид на паста, можете да ги исчистите и дамките од мебелот. Исто така, доколку измешате од оваа паста со мало количество шампон, ќе добиете одличен препaрат против мрсна коса.

Пепелта ефикасно ги отстранува и непријатните миризби од домот, но и од фрижидерот, а дејствува слично како и белата киселина, која се користи за неутрализирање на миризби од мувлосани прехранбени производи.

Определени штетници, како полжавите и разни инсекти, не ја поднесуваат пепелта, па лесно ќе се ослободите од нив со ова средство. Ова важи и за мравките. Корисно е и во визбата да ставите во секое ќоше по малку пепел, како заштита од глувци, бубашваби и други штетници.

Пепелта може да биде корисна и при чистењето на вашите миленичиња од болви. Направете паста од пепел и алкохолна киселина со која ќе го намачкате миленичето. После овој третман, задолжително искапете го со чиста вода.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.11.2020 - 09:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега