Владата го враќа логото Да купуваме македонски производи, За наше добро и Мејд ин Мацедониа

 

Владата го враќа логото „Да купуваме македонски производи“, За наше добро“ „Маде ин Мацедониа“ и сонцето на фискалните сметки од 1 јануари 2014 година. Целта е да се поддржи домашното стопанство и  да се подигне свеста на граѓаните за купување македонски производи.

- Ова се промени кои се во насока на македонското стопанство, во насока на поддршка на користење македонски производи, бидејќи производството на македонски производи зависи од тоа колку тие во трговијата се користат, колку се употребуваат од страна на потрошувачите и заради времето во кое живееме  и заради општите услови во европската и македонската економија сметаме за потребно да се поддржат македонските производи и да се даде поттик за нивно користење и секој на сметката да види колкав е нивниот промет, рече денеска министерот за финансии Зоран Ставрески.

- Секој фискален апарат ќе биде поврзан преку ГПРС систем  со Управата за јавни приходи, која на крајот на денот ќе има информации за трансакциите, за вкупниот промет за секој субејкт. Со ова практично се воведува поголема транспарентност во работењето на стопанските субјекти и поголема можност за УЈП да ги има информациите и врз база на проценката на тие информации да го следи работењето на стопанските субјекти, истакна Ставрески.

Оваа одредба ќе стапи на сила од 1 јануари до 1 март  2014 година за фирмите кои имаат над 10 милиони денари промет, за даночните обврзници кои се занимаваат со угостителска дејност и за даночните обврзници кои се занимаваат со малопродажба на нафтени деривати, а за останатите субјекти крајниот рок ќе биде 1 јуни 2014 година.

 

најчитано сега