Почина познат српски актер

 

Српскиот актер Јанош Тот, член на театарот на Теразија, почина денес околу 11 часот, по кратко беледување од тешка болест, на свои 53 години.

Тој е роден во Вршац на 16 јуни 1961 година. Студирал глума на Академијата во Нови Сад во класата на Дејан Мијаќ. Кариерата ја започна во Српскиот народен театар, а зад него остави бројни театарски, филмски и телевизиски улоги.

Беше член на театарот на Теразија од 1990 година. Беше дел од претставите: „Ноќта на лудаците на Господската улица“, „Зимски дворец“, „Кукла од насловна страна“, „Јубилеј“, „Парадокс“, „Бакни ме Кејт“, „Алан Форд“, „Мир“, „Маратонците го трчаат почесниот круг“ и многу други.

Тој оствари и улоги во познатите ТВ серии и во филмови: „Семејно богатство“, „Среќни луѓе“, „Монтевидео“ и други.

Датумот и времето за комеморација и погреб дополнително ќе бидат објавени.

31.10.2013 - 11:36

најчитано сега