Десет полицајци осомничени за вмешаност во криминалот на Златна Зора

 

Десет полицајци биле поврзани со криминалните активности на неонацистичката партија Златна зора. Ова беше резултат на направената истрага на внатрешната контрола на грчката полиција. 

- Вкупно 15 полицајци се уапсени поради разни кривични дела. Десет од нив директно или се поврзани со криминалните активности на Златна зора, потврди началникот на внатрешната контрола Панајотис Статис.

Истрагата ја наложи министерот за јавен ред Никос Дендиас на крајот на септември. Некои од полицајците биле обвинети за прикривање или толеранција на илегалните активности на неонацистичката партија.

- Внатрешната контрола на полицијата исто така истражуваше наводна вмешаност на полицијата во случаи на расистички напади и забележа дека меѓу 2009 и 2013 година дошло до голем пораст на бројот на полицајците кои учествувале во инцидентите на „екстремното полициско однесување кое достигнало врв во 2012“, рече Статис. 

31.10.2013 - 11:43

најчитано сега