Полицијата „удри“ по нелегалните коцкарници во Тетово

 

Полициски службеници од тетовската полиција, во координација со инспектори на Управата за јавни приходи, вчера попладне спроведоа акциска контрола во три објекти на тетовското подрачје, по претходни сознанија дека во нив  се наоѓаат апарати за игри на среќа и дека се приредуваат вакви игри.

Во два објекти без фирма лоцирани на улица „Иво Лола Рибар“ во Тетово, во кои биле затекнати тројца вработени, Т.Р ( 20 ), Н.Л ( 26 ) и О.Д ( 30 ) од Тетово, пронајдени и времено одземени се пет покер-апарати и опрема за игри со кучиња ( два монитори и компјутер), како и извесна сума пари од дневниот промет.

Во третиот од контролираните објекти во Долно Седларце,пак, што го управувал Д.Ј ( 46 )  од Милетино,одземени се четири покер апарати.

Одземените апарати и опремата се фотодокуменирани, а затекнатите лица повикани  во СВР Тетово за расчистување на сите поединости во врска со тоа-кои се сопственици на апаратите и како и колку време се користеле, по што ќе следуваат пријави за „комар“ и „даночно затајување“.

 

 

 

31.10.2013 - 12:15

најчитано сега