За неа нема криза: Сораја доби роденденски подарок вреден 322.000 евра

 

Старлетата Сораја Вучелиќ (34) веќе некое време не живее во Србија, а малку се знае за нејзиниот приватен живот.

Имено, за девојка која некогаш можеше да се сретне во Белград, речиси секој ден, сега знаеме само онолку колку што таа ни покажува на социјалните мрежи.

Сораја сега се пофали со подароците кои ги добила по повод нејзиниот роденден кој го прослави на 11 ноември.

На својот Инстаграм објави фотографија од скап часовник и прстени кои чинат 78.000 и 164.000 евра, додека луксузниот часовник со дијаманти од позната марка чини околу 50.000 евра.

Порталот „Србија Данас“ пренесува дека вредноста на она што Сораја го покажа на социјалните мрежи е 322.000 евра.

После оваа објава, познатата старлета предизвика лавина коментари од своите следбеници: „Немате со што друго да се фалите“, „Срамота што прави оваа жена“, „Страшно, никаква вредност без семејство“, беа само дел од коментарите на социјалните мрежи.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.11.2020 - 14:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега