Го избоделе со нож и го оставиле да искрвари сред улица - ужас во Раковица

 

Милош М. облеан со крв е пронајден денеска околу 11 часот на улицата на паднатите борци кај број 22 во населбата Раковица. Како што пренесуваат тамошните медиуми, случајни минувачи го приметиле Милош како лежи целиот облеан во крв со повеќе убодни рабо по целото тело. Веднаш било повикано полиција, а Милош кој бил во бесвесна состојба бил префрлен во Ургентниот центар каде лекарите се борат за неговиот живот. Оперативците на полицијата се на терен и собираат информации кои би можеле да помогнат во решавање и откривање на напаѓачот или напаѓачите на Милош. 

 

 

31.10.2013 - 12:57

најчитано сега