"Објавете го ова кога ќе умрам" - генералниот директор на РТС оставил тестамент-интервју

 

Александар Тијаниќ како свој тестамент оставил интервју кое побарал да биде објавено дури по неговата смрт. 

- Во сон често ми се јавува Подујево, куќата на дедо ми. Денес немам никој на Косово. Полека умирам, стоејќи на нозе како некој луд вид на диносаурус! Јас длабоко ја презирам професијата со која се занимавам, новинарство, тоа е слој на робови. Ни самиот не знам што барам во новинарството веќе четири децении. Кога се ќе соберам, има десетина текстови кои го изразуваат она што јас го мислам. Само десет од илјадници текстови кои сум ги напишал“, рекол Тијаниќ во интервјуто кое пред две години го оставил на српскиот НИН.

Исто така, во интервјуто, Тијанич говори и за неговиот заштитен знак.

- „Се ку..ам за луѓето да не го видат мојот страв. Да не ме презираат заради тој кукавичлук. Затоа се правам храбар и во ситуации кои се лудачки. Списокот на моите непријатели е „кој е кој во Србија од најмоќните луѓе“. За да ги преживеам тие непријатели јас морав да бидам ѕвонарот на Богородичната црква – грд, грбав, никаков. Но да ѕвонам многу далеку, додава тој и воедно признава дека  Богдан Тираниќ го сакал искрено.

Во интервјуто Тијаниќ наведува и дека сакал да остави  две, три книги со свои текстови за студентите по новинарство, кога сакаат да видат каков лудак бил Тијаниќ да земат и да прочитаат неколку текста. Тој додава и дека последните 12 години тоа не било новинарство туку борба за глава.

Инаку, генералниот директор на РТС почина на 63-годишна возраст.

31.10.2013 - 13:42

најчитано сега