Трикови злато вредни: Како на најлесен начин да го исчистите душекот и да ги отстраните сите дамки
Колку пати сте истуриле нешто на душекот и чистењето се претворило во вистинска агонија? Токму затоа, овие домашни трикови ќе ви помогнат за брзо и лесно чистење на душеците.
Како да го исчистите душекот и да ги отстраните сите видови дамки?
Клучниот збор во одржувањето на душекот чист е превенцијата
Секогаш е најдобро да користите навлака за душек што ќе спречи појава на дамки. За разлика од старите најлонски навлаки, кои веројатно се првото нешто што ви паѓа на памет, сега има навлаки од меки влакна со водоотпорна заштита. Многу навлаки вклучуваат заштита од микроби, а се препорачува да изберете од оние со патент. На овој начин ќе се заштити целиот душек вклучувајќи ги и страните.
Како да го исчистите душекот?
Ако дамката е мала, препорачливо е да користите молив за чистење дамки или гел во стик. Бидете внимателни да не ставите премногу, како и дамката да се исуши пред спиење. Кај потврдокорните дамки, ќе мора да го повторите процесот неколку пати.
Ако дамката е поголема, измешајте детергент во прав со малку вода во сооднос 3 : 1. Смесата треба да биде во конзистентност на паста за заби.
Внимателно нанесете ја смесата на дамката и оставете ја да стои 15-30 минути. Потоа, исчистете ја со влажна крпа, па избришете сè со сува крпа и на крај, исчистете ја со правосмукалка или користете фен за коса.
Како да се отстрани лошиот мирис?
За да спречите појава на непријатни мириси, би било добро да ја менувате постелнината еднаш неделно. По отстранувањето на постелнината, препорачливо е да го исчистите душекот со правосмукалка. Потоа, попрскајте го душекот со природен спреј од лаванда. Користете лимон, лаванда или алкохол за дезинфекција и додајте есенцијални масла од лаванда, еукалиптус или чајно дрво. Оставете да отстои неколку минути.
По чистењето со правосмукалка, на душекот можете рамномерно да нанесете слој сода бикарбона. Оставете да отстои 10-15 минути.
За тоа време, сода бикарбоната ќе ги апсорбира сите непријатни мириси. На крајот, повторно исчистете го душекот со правосмукалка.
Длабинско чистење
Повторете ја претходната постапка, но овој пат додајте неколку капки есенцијално масло во сода бикарбона и оставете ја да стои 1-2 часа. Потоа, повторно исчистете со правосмукалка и сменете ја постелнината.
Како да се отстранат дамките од урина?
Веднаш ставете хартиени крпи и немојте да триете бидејќи на тој начин урината ќе навлезе уште подлабоко во душекот. Потоа, направете мешавина, пола вода и пола алкохолен оцет и испрскајте ја дамката, а потоа ставете сода бикарбона над неа. Оставете сè најмалку 8-10 часа и потоа исчистете со правосмукалка. Ако сè уште чувствувате мирис на урина, повторете ја постапката.
Како да се отстранат дамките од крв?
Не е секогаш можно да се направи тоа, но секако можете да се обидете. Избришете ја дамката прво со крпа натопена во ладна вода. Потоа, измешајте еден дел сода бикарбона со два дела вода и оставете да отстои половина час. Исчистете ја дамката со крпа натопена во оваа смеса, и на крај исчистете ја дамката со сува крпа и оставете ја да се исуши на воздух. Исто така, можете да користите сол, сок од лимон или водород пероксид, во зависност од тоа што имате при рака.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа