ФОТО: Најплатената американска проститутка ја тужи државата бидејќи ги затворила борделите поради пандемијата

 

Црвенокосата Алис Литл, која тврди дека е најмногу платена проститутка во Америка, одлучи да ја тужи државата Невада затоа што решила да ги затвори борделите, кои таму се легални, поради пандемијата на коронавирус.

Алис досега собрала повеќе од четириесет илјади долари од своите обожаватели на платформата GoFundMe за нејзините судски трошоци.

Тужбата е покрената откако гувернерот на Невада, Стив Сисолак одобрил мерки за забрана на блиски контакти во борделите, објави „Њујорк пост“.

„Одлуката на гувернерот да ги затвори борделите е дискриминација на сексуалните работници“, рече 30-годишната Алис.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Alice Little (@thealicelittleofficial)

По потекло од Ирска, Алис има повеќе од 106.000 следбеници на Инстаграм и работела во борделот „ Moonlite BunnyRanch “ кој што бил затворен во март поради пандемијата. Една година порано, таа заработувала до милион долари годишно, рече таа.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Alice Little (@thealicelittleofficial)

Тврди дека сексуалните работници претрпеле огромни загуби оваа година во Невада, моментално единствената американска држава каде проституцијата е легална. Таа исто така посочува дека државните мерки за помош на претприемачите опфатиле сè, освен жените и мажите кои се занимаваат со најстариот занает.

„Гувернерот на Невада неправедно ги затвора легалните бордели додека дозволува да работат другите продавници, како што се салоните за масажа, бањи и салони за убавина“, напиша Алис Литл.

Одговори и гувернерот Сисолак, велејќи дека проституцијата во моментот не му е приоритет.

- Треба да размислиме за враќање на децата на училиште, во моментов тоа е поважно од враќањето на луѓето во борделите. И тоа ќе го сториме со време, но не во блиска иднина - рече тој.

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Alice Little (@thealicelittleofficial)

Литл не е единствената погодена од новите мерки. „Њујорк пост“ заклучува дека многу сексуални работници морале да ги префрлат своите деловни активности на Интернет и платформите како што е страницата „ OnlyFans“, а една придружничка понудила услуги „виртуелна девојка“ во замена за намирници и картички за подароци.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.12.2020 - 10:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега