ВИДЕО: Џеј Рамадановски е погребан со звуци на 50 виолини
Пејачот Џеј Рамадановски денеска е погребан со звуци на виолини, што била негова последна желба, во Алејата на заслужни граѓани на Новите гробишта во Белград.
Со звуците на оркестарот што ја свири песната на Џеј ,,Недела”, семејството, пријателите и колегите за последен пат се простија од пејачот.
Српските медиуми пишуваат дека први на погребот се појавиле членовите на семејството, неговите ќерки Ана и Марија, поранешната сопруга Нада, како и Андријана, жената со која живеел до смртта, како и зетот Адил Максутовиќ.
Бројни колеги дојдоа да му оддадат почит, вклучувајќи ги Марија Шерифовиќ и Кеба.
Џеј почина во неделата во неговиот дом на 56-годишна возраст од срцев удар.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа