Македонија го одбележува Денот на осигурувањето

 

Агенцијата за супервизија на осигурување денеска ќе одржи свеченост, а Националното биро за осигурување ја организира Петтата меѓународна конференција ,„Предизвици на осигурителната индустрија во Република Македонија“, во рамките на Денот на осигурувањето во Македонија.

Предвидено е  на денешната свеченост да се обратат заменик претседателот на Владата и министер за финансии Зоран Ставрески, претседателот на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурувањето Климе Попоски и претседателот на Управниот одбор на Национално биро за осигурување Зоран Нарашанов.  

Ќе биде доделена и Плакета за најдобар истражувачки труд од областа на управување со ризици и осигурување во Република Македонија за оваа година, а ќе бидат доделени и Уверенија за положен стручен испит за добивање на дозвола за работа како овластен актуар. 

01.11.2013 - 10:00

најчитано сега