Од идната година нема продажба на здрава храна без научна потврда
Стартувајки од 1 јануари идната година, сите производители и увозници на храна ќе мора да имаат изготвено научна студија за своите производи доколку ги рекламираат како здрави или хранливи, информираат од Агенцијата за храна и ветеринарство.
Оваа обврската на компаниите им ја наметнува Правилникот за нутритивни и здравствени тврдења во комерцијални цели при означување кој е согласно европската легислатива, кој денеска ќе биде презентиран во Стопанската комора на Македонија.
Работилницата се организира во соработка со Асоцијацијата за здравство и Здружението за земјоделство при Стопанската комора. Свое обраќање пред присутните ќе има заменик директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Абдулезел Догани.
01.11.2013 - 10:45
Фото:
Кајгана