Домашна паста која ја чисти рерната за момент - не купувајте скапи хемикалии, состојките ги имате дома

 

Дали редовно ја чистите рерната на вашиот електричен шпорет, а сепак стаклото на рерната секогаш е наталожена со тврдокорни маснотии кои ни малку не е лесно да се отстранат? Не сте единствени кои се соочувате со ваков проблем. Затоа, ви припремивме еден едноставен начин кој ќе ви помогне стаклото повторно да заблеска исто како ново.

Постапката е повеќе од едноставна. Потребна ви е една состојка која сигурно веќе ја поседувате во вашето домаќинство и само малку време. Во продолжение, прочитајте како да се ослободите од здодевните и тврдокорни дамки на многу лесен и едноставен начин, а подеднакво ефикасно како со купечките средства, или можеби и подобро.

Како стаклото на рерната да заблеска исто како ново 2

Состојки:

вода по потреба

¼ чаша сода бикарбона

Подготовка и начин на употреба:

Во длабок сад турете ¼ чаша сода бикарбона, па постепено додавајте малку вода се додека не добиете течна паста.

Вака подготвената домашна паста за чистење од сода бикарбона, нанесете ја преку целото стакло на вратата од рерната.

Оставете ја да делува околу половина час за да омекнат сите тврдокорни маснотии.

Откако ќе забележите дека смесата почнала да делува, а масните дамките се разлеваат по стаклото, избришете ја пастата од вратата прво со мокра, а потоа и со сува крпа.

Доколку дамките се навистина тврдокорни, па и покрај оваа паста не се бришат така лесно, истријте ги со грубиот дел на кујнски сунѓер. На овој начин би требало да излезат сите нечистотии и маснотии, а вашата рерна да заблеска како нова.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.12.2020 - 10:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега