„Т-мобиле" и „Македонски Телеком“ се спојуваат во една фирма

 

Компаниите „Македонски Телеком“ и „Т-мобиле Македонија“ кои се во сопственост на „Маѓар Телеком“, донеле одлука да станат една компанија, со што „Т-мобиле“ ќе се присоедини кон „Македонските Телеком“ и ќе ги прекине своите деловни активности.

„Одборите на директори на Македонски Телеком и Т-Мобиле Македонија донесоа одлуки за одобрување на склучување на спогодба за присоединување на Т-Мобиле Македонија кон Македонски Телеком со датум на престанок на деловните активности на Т-Мобиле Македонија заклучно со 31-ви декември оваа година“, стои во соопштението на компаниите.

Спојувањето на двете компании беше најавено уште во месец септември 2009 година, со цел поголема ефикасност во работата. 

Потврдат за одлуката треба да биде дадена и на Собранијата на двете Друштва.

01.11.2013 - 11:21
Фото: 
Нетпрес

најчитано сега