Бесими-Аврамопулос: Побрзо да се најде решение за спорот со името

Се надевам дека имаме капацитет и храброст, што е можно побрзо да ги надминеме сите предизвици вклучувајќи го и отвореното прашање за името и да изнајдеме взаемно прифатливо решение за двете страни, со цел еден ден да бидеме дел од истото европско семејство затоа што не очекува иста иднина, изјави денеска заменик претседателот на македонската Влада задолжен за европски прашања  Фатмир Бесими по средбата со грчкиот министер за надворешни работи Димитрис Аврамопулос.

- Со искрен, отворен приод, со добра волја можеме да изградиме доверба и да разговараме отворено за прашањата кои се пред нас и за предизвиците со кои се соочуваме за да ја постигнеме нашата зедничка цел, нагласи Бесими.

- Денеска тука видов добра волја, надеж, пријателство и искрен пристап кон европската перспектива, рече Бесими и додаде дека европската перспектива, која е наша стратешка цел, е опција за зачувување на мирот и оджлива стабилност.

- Сакам да ве потсетам дека Грција во преговорите за името е искрена. Убедени сме дека решавањето на прашањето ќе ослободи големи перспективи за соработка, која ќе биде од корист за двата народа, но и за целиот регион. Важно е додека траат преговорите под покривитество на ОН да преовладува умереност и воздржаност, изјави Аврамопулос.

 

најчитано сега