На ѕидовите се појавиле траги од влага - како најбрзо да ја санирате штетата, трик кој е едноставен
Влагата и мувлата во вашиот дом не само што изгледаат грдо, туку што е полошо – можат да бидат извор на многу заболувања, од кои најчести се респираторните болести и различни видови инфекции.
Освен тоа, можат да влијаат и на развојот на алергии. Ако имате влада или мувла во својот дом, ослободете се од нив на природен начин, со помош на некоја од овие намирници:
Сода бикарбона
Таа сама по себе е одлично средство за чистење, а во овој конкретен случај можете да ја помешате со оцет или со вода.
Алкохолен оцет
Оцетот елиминира околу 90 проценти од влагата и мувлата. Ставете го во шише со распрскувач и испрскајте на зафатените места. Оставете да стои некое време со цел да ја заврши својата работа. Со оглед на тоа дека оцетот има прилично јак мирис, можете да додадете неколку капки етерично масло, најдобро е со мирис на лимон, затоа што тоа е доволно јак да го замаскира непријатниот мирис на оцетот. Од друга страна, не е толку јак за да има негативно влијание на луѓето чувствителни на мириси.
Хидроген пероксид
Хидрогенот ќе ви помогне против владата и мувлата. Потребно ви е три процентен хидроген пероксид и пластично шише со распрскувач. Хидрогенот ставете го во шишето, испрскајте на местата со влага и мувла и оставете да делува 10 минути, а потоа пребришете.
Семки од грејпфрут
Во шишенце со распрснувач ставете 450 милилитри вода и 20 капки екстракт од семки од гејпфрут. Потоа шишето добро протресете го со цел состојките да се соединат. Со течноста испрскајте по проблематичните подрачја и оставете да отстојат. Нема потреба потоа да го бришете ова средство затоа што воошто не е штетно.
Масло од чајно дрво
Во шише со распрснувач помешајте 450 милилитри вода и две лажички масло од чајно дрво. Добро протресете и испрскајте на површините зафатени од влага и мувла. Оставете така да отстои и немојте потоа дополнително да пребришувате со крпа. Треба да се нагласи дека оваа смеса има мирис прилично интензивен и дека ќе се задржи во вашиот дом неколку дена.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа