Кои се ризиците од вакцината „Фајзер“ за бремените жени: Ќе се разгледува од случај до случај

 

Ефектите кај бремените жени кои ја примат вакцината на Фајзер/БиоНТек ќе се разгледува од случај до случај, соопшти Европската агенција за лекови (ЕМА).

– „ЕМА“ нема доволно податоци од клинички испитувања за потенцијалните ризици кај бремените жени, изјави претседателот на Комитетот за хумани лекови, Харалд Енцман.

Агенцијата може да ја промени својата препорака доколку повеќе информации станат достапни, рече Енцман, без да открие дел од околности под кои вакцината може да се смета безбедна за бремените жени.

Енцман повика на претпазливост при користење на вакцината кај луѓе со позната историја на анафилактички реакции, откако претоходно се појавија неколку случаи на алергиски реакции при вакцината во САД и Велика Британија.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.12.2020 - 20:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега