Прв пат во Македонија лекување на очен притисок со имплант

На Универзитетската клиника за очни болести за прв пат е изврешена оперција на око каде е лекуван глауком со имплантација на шант за намалување на очниот притисок.

Директорот на очната Kлиника, Илијаз Исмаили, денеска на прес-конференција истакна дека оваа метода значи атрауматски ставање на шантот кој го бајпасира нормалниот тек на очната водица што доведува на намалување на очниот притисок, додека директорката на очната клиника Ирина Богданова посочи дека токму оваа метода е една од најуспешните во лекувањето на очниот притисок и постои 100 процентна гаранција дека имплантот ќе биде прифатен од оргнизмот. 

- Оперативниот зафат е извршен врз 40-годишен пациент кај кој окото било повредено од удар каде добил очен притисок и перде односно катаракта   на окото. За третирање на пердето кое е последица од ударот потребно е намалување на притисокот а кај пациентот кој бил лекуван со стандардната метода со медикаменти тоа не се случило, истакна Богданова 

Операцијата е извршена во координација со офталмологот Скот Ли од САД кој е дел од програмата за престој на специјалисти од САД во Македонија.

Инаку, во земјава околу 15 пациенти месечно имаат потреба од оваа метода.

01.11.2013 - 13:48

најчитано сега